Евакуација во Сити Мол, дојава за бомба во трговскиот центар

Посетители и вработени во трговскиот центар “Сити мол” се евакуирани по дојава за поставена бомба. Пред раскрсницата има и полициско обезбедување.
“Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри”, велат од МВР за инцидентот.
Извор: expres.mk






