За да направат место за уште еден ги бетонирале гробиштата. „Бутел“ ја призна грешката

 

По реакциите на семејствата чии гробни места на градските гробишта „Камник“ (Синѓелиќ) беа затрупани со бетон и изместени, Акционерското друштво „Бутел“ излезе со официјално појаснување, објави 4news.mk

Од претпријатието признаваат дека станува збор за превид при изведбата кој веднаш се санира.

Во одговорот од АД „Бутел“ се појаснува дека бетонирањето на гробните места, односно поставувањето на бетонски фундамент, е нивна редовна обврска на овие гробишта, но при изведбата на конкретните парцели дошло до грешка во позиционирањето.

„При изведувањето е направена техничка грешка која е веднаш исправена. Во разговор со семејствата и со нивна целосна информираност, бетонскиот фундамент во текот на денешниот ден се поставува со точни димензии“, информираат од претпријатието за сдк.мк

Освен санирањето на згрешените димензии на гробните парцели, постигнат е договор и за решавање на проблемот со безбедноста на теренот. Имено, граѓаните претходно алармираа дека по стеснувањето на патот над гробиштата постои опасност од одрони, а институциите одбиваа да преземат одговорност за изградба на заштитен ѕид.

Директорот на АД „Бутел“ остварил директна средба со ожалостените семејства.
Од компанијата потврдуваат дека по изрично барање на семејствата, ќе биде поставен соодветен потпорен бетонски ѕид со кој целосно ќе се заштити просторот, со што овој финансиски товар нема да падне врз грбот на граѓаните

 

Back to top button
Close