Професор Алексиќ: Систематски моделираме генерации на психопати
Професорката по македонски јазик – Татјана Алексиќ реагираше на Фејсбук за случајот со малтретирањето на девојче во Ѓорче Петров.

Бара итни и радикални системски мерки во образованието.
Смета дека училиштата се оставени без соодветна поддршка.
„Ни требаат под итно флота од стручни лица во училиштата, образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, психотерапевти, дефектолози, логопеди, служби за детектирање метал и оружје при влез во училиште, систематски прегледи со тест за никотин и дрога во крв, забрана за (а)социјални мрежи до 18 години и цивилизирани казнено-поправно домови! За љубов, емоционална писменост и човекови права е доцна, зашто во првата декада од животот на децата се битни и имаат влијание врз воспитувањето. Децата во 6то одделение се веќе карактерно и психички оформени!“ пишува Алексиќ.
Вели „Ќе повторуваат злоставувања! Ќе продолжат да се расправаат по социјалните мрежи! Ќе учат од нас возрасните за агресија и ,,добро” ќе нѐ имитираат“.
„Каде виделе гасење цигари од кожа? Каде виделе, слушнале или прочитале за такви гадости? Кој ги научи толку да мразат и злоставуваат?!?
Ние систематски моделираме генерации на психопати!“ порача професор Алексиќ.






