Протест пред Собрание против оданочување на пари во странство, низ другите улици сообраќаен метеж објави
Протест пред Собрание против оданочување на пари во странство, низ другите улици сообраќаен метеж

Педесетина граѓани денеска протестираат пред Собранието во центарот на Скопје, изразувајќи незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени во странство.
Демонстрантите носат транспарент со пораката „Бараме одговор УЈП“, барајќи појаснување и решение за, како што велат, спорните барања од институцијата.
Протестот предизвика и сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Блокирана е улицата кај Рекорд, односно пред Собранието, а отежнато е движењето и на правецот од Кисела Вода кон центарот, кај раскрсницата кај „Кјуби“.
Возачите реагираат со свирежи поради застојот, додека полицијата го регулира сообраќајот околу протестот.
Ова не е прв протест поврзан со оданочувањето на приходите од странство, прашање што веќе извесен период предизвикува реакции кај дел од граѓаните. (Skopje1)






