Стојанче Јовановски: Сѐ би дал дa ги вратам моето дете и мојата сопруга

Обвинителството побара максимална казна за Стојанче Јовановски во завршните зборови од судењето за трагичниот настан во кој животот го загубија Ивана Стојановска и нејзината ќерка Катја. Обвинителката Адела Бојчевиќ нагласи дека обвинетиот бил свесен за своите постапки и дека насилството било резултат на неговите карактеристики на личноста, а не на психичко заболување.

Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда за делото наведување на самоубиство. Адвокатите тврдеа дека не е докажана директна причинско-последична врска меѓу однесувањето на обвинетиот и трагичниот исход.

Истакнаа дека нема директни докази за телесни повреди на критичниот ден и дека случајот се темели на посредни сведочења и вештачења.

Обвинетиот Стојанче Јовановски негираше вина.

.„Не сум ја поттикнувал, трагедијата не е предизвикана од мене. Сè би дал да можам да ги вратам моето дете и мојата сопруга“, изјави тој.

Пресудата ќе биде соопштена на 7 мај во 10.30 часот.

Back to top button
Close