(ВИДЕО) Забава без протоколи во „Бисер“: Локалот нерегистриран, ќе има забрана за работа до 30 дена

Видео од забава без протоколи, која се одржала синоќа во кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, од утрово покрена лавина реакции на социјалните мрежи.

1 СЕПТЕМВРИЕве кај ви се средношколциве, мизерија!!!

Нина Бојаџиска 发布于 2020年9月1日周二

Како што може да се види на видеото, на забавата присуствувале голем број млади лица, без да ја почитуваат мерката за социјална дистанца. Во еден дел од видеото се гледа и како младите меѓусебе делат наргиле.

Со случајот е запознаен и Пазарниот инспекторат, од каде што велат дека настанот го пријавиле совесни граѓани, 15-ина минути пред полноќ. За помалку од половина час, велат оттаму, најблиската екипа инспектори се упатила во локалот и констатирала низа неправилности, објави „360 Степени“.

Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „360 степени“ вели дека инспекторите направиле записник, ќе биде поднесена прекршочна пријава и ќе има забрана за работа до 30 дена.

За непочитување на протоколите, пак, со оглед дека локалот е сè уште нерегистриран, ќе биде поднесено барање до МВР да постапува понатаму.

Повеќе тука.

Back to top button
Close