Грција го суспендира EES системот за српските туристи од 1 јуни до 30 август, вели Српската конзулка во Солун

Од 1 јуни до 30 август новиот систем за влез во Европската Унија – EES (Entry/Exit System) ќе биде суспендиран за граѓаните на Србија, ќе се применува во ноќните часови и нема да влијае на дополнителни гужви.
Според зборовите на генералната конзулка на Србија во Солун Јелена Вујиќ Обрадовиќ, иако нема да има официјален документ што би ја потврдил суспензијата на EES системот меѓу Грција и Србија, постојат ветувања и уверувања засновани на добрите односи меѓу двете земји, потврдила за ТВ Прва.
Обрадовиќ истакна дека Грција најверојатно нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската Унија за граѓаните на Србија, но се очекува неговo запирање во текот на летото, со цел да се избегнат големи гужви на границите.
„Од 1 јуни до 30 август ќе биде суспендиран за граѓаните на Србија. Ќе се применува во ноќните часови, но нема да влијае на дополнителни гужви“, наведе таа.
Директорот на ЈУТА Александар Сеничиќ неодамна изјави дека Грција на српската делегација на состанок усно ѝ ветила дека во текот на летната туристичка сезона нема да дојде до целосна примена на EES системот на границите за државјаните на Србија.
Тој наведе дека биле преземени конкретни чекори и одржани состаноци со грчките претставници, како и дека крајот на мај ќе има состанок на високо ниво во Атина, а претходно во Солун со директорот на граничната полиција, со цел договор за отворање на максимален број премини и проширување на ленти од шест на десет, како и дополнителни за автобуси, за да се забрза протокот на патници во шпицот на сезоната.
EES е нов дигитален систем за контрола на влез во Шенген зоната кој подразбира земање биометриски податоци од патниците, како отпечатоци од прсти и фотографирање, со што се заменува досегашното печатирање на пасоши.
Извор: skopje1.mk






