Ново поскапување на горивата од 5 мај – цените се зголемуваат од 2 до 2,5 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на претходната одлука од 27.4.2026 година.
Според образложението, референтните цени на светските пазари бележат зголемување кај сите нафтени деривати, и тоа кај бензините за 5,324%, кај дизелот за 2,817%, кај екстра лесното масло за 3,394% и кај мазутот за 8,305%. Во истиот период е забележано и зголемување на курсот на денарот во однос на доларот за 0,3444%.
РКЕ наведува дека во пресметката се вклучени намалувања на акцизите за дизелот и бензините, како и намалување на ДДВ за дел од горивата.
Од 5.5.2026 година од 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 85,00 ден/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 87,00 ден/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 93,50 ден/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 98,50 ден/литар
- Мазут М-1 НС: 49,720 ден/кг
Во однос на претходната одлука, бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 2,50 денари по литар, дизелот за 2,00 денари, додека мазутот се зголемува за 3,064 денари по килограм.
РКЕ напоменува дека станува збор за максимални цени, при што трговците можат да формираат и пониски малопродажни цени.
Извор: skopje1.mk






