Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани, интервенирале полицијата и итната помош

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.

Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот.

На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава, што дополнително ја вознемири јавноста.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close