Иран бара целосна контрола над Ормутскиот теснец, отфрла странско присуство

Поранешниот командант на Корпусот на чување на исламската револуција, Мохсен Резаи, денес член на иранскиот Совет за целисходност, изјави дека Иран нема да преговара со никого за нуклеарното прашање и дека контролата врз Ормускиот теснец мора да остане во ирански раце.

Во изјава пренесена од иранската агенција ISNA, тој предупреди дека губењето на контролата врз Ормускиот теснец би значело негово користење како „оружје против Иран“, нагласувајќи дека странските сили мора да се повлечат од регионот.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дополнително ја заостри реториката кон Вашингтон, обвинувајќи ги САД дека ја замениле дипломатијата со притисок, закани и санкции. Тој оцени дека поради таквиот пристап Техеран повеќе не може да им верува на САД.

Пезешкијан изјави дека секој сериозен преговарачки процес е можен само ако има прекин на непријателствата и јасни гаранции дека воените акции нема да се повторат. Тој исто така ги отфрли обвинувањата дека Иран извршил напади врз Обединетите Арапски Емирати.

Во однос на Ормутскиот теснец, иранскиот претседател нагласи дека Иран со децении бил гарант на безбедноста на оваа стратешка поморска рута, но дека американските потези, вклучително и поморските блокади, ја нарушиле стабилноста во регионот. Според него, разговори за целосно отворање на теснецот се можни само со укинување на американските ограничувања.

Од кабинетот на иранскиот претседател беше соопштено дека Макрон изразил поддршка за рамка за прекин на огнот и посочил дека е подготвен да помогне во продолжување на преговорите и постепено укинување на санкциите кон Иран.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close