Нетанјаху: Војната против Иран не е завршена се додека не се отстрани збогатениот ураниум

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека, и покрај прекинот на огнот, војната против Иран не е завршена сè додека не се отстрани збогатениот ураниум од земјата.

Во интервју за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Нетанјаху го услови крајот на конфликтот со отстранување на високо збогатениот ураниум од иранска територија и демонтирање на објектите за збогатување во земјата.

-Оштетивме голем дел од нивните капацитети – рече Нетанјаху, алудирајќи на нуклеарната програма на Иран, неговите капацитети за производство на ракети, како и на силите на сојузниците на Техеран во регионот.

Сепак, додаде тој, сето тоа сè уште постои.

-Сè уште има работа што треба да се заврши – додаде израелскиот премиер.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close