Техеран: Мислењето на Трамп за иранскиот предлог е неважно
Ставот на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со иранскиот одговор на мировниот предлог „нема никакво значење“. Иран не дава предлози за да го задоволи американскиот претседател, пренесуваат иранските медиуми изјава на неименуван претставник близок до властите во Техеран.

Анонимниот извор уште во изјавата го посочил како „пожелно“ незадоволството на Трамп.
„Преговарачкиот тим мора да носи одлуки исклучиво во согласност со правата на иранскиот народ, а кога Трамп не е задоволен од тоа, природно е дека тоа е подобро“, навел изворот. Тој додал и дека Трамп „генерално не ја прифаќа реалноста“ и дека поради тоа „Иран постојано победува“.
Реакцијата следува откако Трамп претходно на својот профил на „Truth Social“ напиша дека „не му се допаѓа“ одговорот на Иран на претходно доставениот американски предлог.






