Зеленски: Околу 20 држави преговараат со Украина за да добијат дронови

Околу 20 земји се во преговори со Украина за набавка на нејзини дронови, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Јасно е дека војната во Иран моментално е единствениот фокус на САД и американскиот претседател Доналд Трамп“ напиша украинскиот претседател на социјалните мрежи.
Зеленски додаде дека токму војната што ја води Русија влијае на технолошките промени на глобално ниво – особено на брзиот развој на воените технологии.
„Околу 20 земји се во поодминати преговори со Украина за набавка на украински дронови. Нашата воена експертиза дава плодови“, наведе Зеленски, кој не прецизираше за кои земји станува збор






