(Видео) Путин лично ја зеде својата поранешна учителка од хотел во Москва за заедничка вечера

Владимир Путин во понеделникот навечер сам управувал автомобил низ центарот на Москва, каде што се сретнал со својата поранешна учителка Вера Гуревич и ја поканил на вечера во Кремљ.

Видеото од средбата го објави Кремљ, а на снимките рускиот претседател се гледа како пристигнува со луксузен автомобил во хотел во областа Арбат, облечен неформално и со букет цвеќе во рака.

Според Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, Путин ја поканил Вера Гуревич во Москва за да присуствува на парадата по повод Денот на победата на 9 мај на Црвениот плоштад.

Во видеото, Владимир Путин разговара и со еден гостин во хотелот, кој рекол дека пристигнал од Сочи за прославата на Денот на победата објави Скопје1.мк

Back to top button
Close