Меѓу осигурениците на Фондот за здравство во Србија регистрирана и жена на возраст од 158 години

Според табелата на српскиот Фонд за здравствено осигурување од 6.798.809 осигуреници регистрирани се 41.306 на возраст од 100 години и повеќе. Најстар осигуреник меѓу нив е жена која има 158 години, соопшти српската партија Србија Центар (СРЦЕ).

Потпретседателот на партијата СРЦЕ и пратеник Слободан Петровиќ истакна дека во Србија е соборен светски рекорд бидејќи во Белград во општината Палилула, живее најстарата личност на планетата, а таа е жена на 158 години.

„За споредба, Пантелија Топаловиќ од култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ почина на 150-годишна возраст. Според податоците на РФЗО, оваа жена мора да е родена во 1867 година. За да се добие претстава колку одамна е таа далечна 1867 година, САД ја купија Аљаска од Русија, Турците ја напуштија Србија, принцот Михаило Обреновиќ ги зеде клучевите од Белград од Али Риза-паша, а Алфред Нобел патентираше динамит“, потенцира Петровиќ во партиско соопштение.

Петровиќ побара владата да одговори колку луѓе на возраст меѓу 100 и 158 години се регистрирани во избирачкиот список, како и колку пензионери во Србија има на возраст меѓу 100 и 158 години.

 

Back to top button
Close