Албанскиот премиер Еди Рама го демантира својот шеф на дипломатијата
Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку социјалните мрежи ги демантираше изјавите на неговиот министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, за „Еурактив“ дека договорот за миграција меѓу Италија и Албанија нема да биде продолжен по 2030 година, бидејќи дотогаш Албанија очекува да се приклучи на ЕУ. Оваа изјава предизвика политичка дебата во Италија.

Овие негови зборови беа широко коментирани од италијанскиот печат, од „Ла Стампа“ до „Кориере дела сера“. Антонио Тајани, министерот за надворешни работи на Италија, им рече на новинарите: „2030 година е толку далеку; ајде да се фокусираме на она што треба да го направиме сега“.
Рама напиша на социјалните мрежи: „До сите новинари од Италија и пошироко, кои се обраќаат во врска со погрешен цитат објавен од медиум… дозволете ми да повторам, јасно и се надевам еднаш засекогаш, дека нашиот протокол со Италија е тука за да остане, сè додека Италија го сака тоа“.
Џорџа Мелони одговори на неговата објава синоќа со кратка порака: „Грацие Еди“.
Хоџа го изјави ова за „Еурактив“: „Ви велам дека по пет години, откако Албанија ќе се приклучи, тоа повеќе не е екстратериторијално. Тоа е територија на Европската унија. Прво, тоа е за пет години и не сум сигурен дека ќе има продолжување. Второ, нема да има продолжување бидејќи ќе бидеме членка на Европската унија






