Словачка ги затвори сите гранични премини со Украина поради масовни руски напади врз Закарпатје


Словачка, денеска околу 15 часот, од безбедносни причини ги затвори сите гранични премини со Украина, соопшти Финансиската управа на Словачка.

Финансиската управа ѝ препорачува на јавноста да ги следи актуелните информации и да ги почитува упатствата на Финансиската управа и на полициските сили, се наведува во соопштението што го пренесе словачкиот портал „Актуалити“.

Мирослав Билецки, началник на Регионалната воена управа на Закарпатската област, која граничи со Словачка, изјави дека е во тек најмасовниот руски напад врз Закарпатје од почетокот на руско-украинскиот конфликт.

„Експлозии се слушнаа во неколку села во регионот. Сите информации дополнително ќе бидат објавени. Воздушната тревога и натаму е во сила. Ги повикувам жителите на регионот да не ги напуштаат засолништата“, истакна Билецки.

Според локалните власти, во погодените подрачја се слушаат експлозии, а системите за надзор регистрираат движење на голем број беспилотни летала.

Back to top button
Close