(ВИДЕО) Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на социјалните мрежи

Во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот државен секретар Марко Рубио бил снимен како со воодушевување го набљудува таванот во Големата сала на народот во Пекинг.

Видео-снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, прикажувајќи го Рубио како со подигната глава го гледа таванот и покажува кон него додека разговара со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Корисниците на интернет со ентузијазам ја коментираа неговата реакција, а дел од нив се пошегуваа и со фактот дека Рубио формално се наоѓа под кинески санкции.

„Погледни ги тие светла – треба и ние да ги смениме нашите кога ќе се вратиме“, напишал еден корисник на кинеската мрежа Weibo.

Во друга објава на X, саркастично било наведено: „Ајде вака да ја преуредиме Белата куќа кога ќе се вратиме.“

Големата сала на народот, изградена во 1950-тите, е позната по раскошниот ентериер, огромните кристални лустери, позлатените украси и традиционалниот кинески стил.

Back to top button
Close