(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ бара оставка од Обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Мицкоски нарачува а Савевски испорачува.
Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по телефон дека дели задачи.
Ете така изгледа партизираното судство и обвинителство во Македонија.
Така изгледаат „реформите” на Мицкоски и организирана криминална група ВМРО.
Затоа 160 дена нема одговор, нема никаква реакција од обвинителството за криминалните тендери кои јавно ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.
Нема одговор за: 161 тендер за семејната фирма на Томовски, за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, за 74 тендери за Ленди груп фрима, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема одговор за кривичната пријава против Христијан Мицкоски.
Нема одговор за кривичната пријава против сопствениците на Орбановата Алфа ТВ.
Нема правда, има контролирано судство и обвинителство лично од Мицкоски.
Обвинителсот Ненад Савевски после овој скандал треба да си даде оставка.
Поради сомнеж во независноста на обвинителството СДСМ не гласаше за него. Тоа тогаш и јавно го кажавме. Сега сите гледат дека бевме во право.
Сè што има врска со Мицкоски однапред знаеме дека не е независно.
Кој е виновен нека одговара. Правдата мора да биде еднаква за сите. Но не може премиер да се меша во работа на обвинителство и да му дели задачи по телефон.
Затоа ние инсистираме на европско обвинителство. Само така правосудството во Македонија може да ја добие довербата на граѓаните, никако поинаку. Затоа ние сме за ЕУ.

Back to top button
Close