(ВИДЕО) Филипче: Кој Муцунски бара единство? Тој што донесе фирма во Аеродром која зема милионски тендери, па ја префрли со себе во МНР?

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како одговор на новинарско прашање во однос на барањето на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој на денешната прес-конференција во Владата, кажа дека европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања, реторички праша кој Тимчо Муцунски го бара тоа?

-Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тој кој со доаѓањето на градоначалничката позиција во Општина Аеродром донесе една фирма која зема милионски суми тендери? Па потоа ја префрли со себе во МНР?  Тој Муцунски прашува за национално единство? – праша Филипче.

видео: Прес24

 

Back to top button
Close