Кремљ: Европа не е соодветен посредник за Украина

Европа не треба да очекува улога на посредник во мировниот процес за Украина, имајќи го предвид нејзиниот сегашен пристап, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој повторно го изнесе ставот на Москва дека Европа во моментов е вклучена во конфликтот на страната на Украина. Според него, поради тоа европските држави не се соодветен посредник во мировниот процес.

Од февруари не се одржани мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи Соединетите Американски Држави, кои посредуваат меѓу двете страни, беа фокусирани на војната во Иран.

Back to top button
Close