Во Шпанија уапсен Сајмон Датон: Британскиот крал на кокаинот приведен по долга потрага

Најбараниот Британец обвинет за шверц на големи количини кокаин е уапсен вчера во Шпанија, потврди денеска Националната агенција за криминал (НЦА).

Сајмон Датон (49), кого полицијата во Голем Манчестер (метрополитенска грофовија во северозападна Англија, која ги опфаќа градот Манчестер и десет околни општини) го бараше за шверц на кокаин, перење пари, фалсификување пасоши и прекршување на наредбите за спречување тежок криминал, е уапсен во близина на градот Бенидорм.

Според НЦА, Датон бил меѓу 12-те најбарани бегалци. Тој организирал шверц на кокаин од Шпанија во Велика Британија, а при едно полициско пресретнување биле откриени 10,5 килограми со улична вредност од 1,5 милиони фунти. Приходите од криминалните активности биле користени за финансирање на неговиот луксузен начин на живот и на неговите соработници

Back to top button
Close