Преку Алта банка и други фирми се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор
По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија.
Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во медиумите и укинување на фрекфенциите.
Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагданна шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда.
Во Македонија, над 40% од медиумите се дел од оваа орбанова мрежа а како главна пропагандна алатка е токму Алфа ТВ.
По рецептот на Вучиќ, и во Македонија, исто како во Србија моментално, започната е операција за спас на Алфа ТВ и нови извори за финансирање.
Свиркачи до СДСМ доставија информации кои кои денесака ги објавуваме.
Целиот процес го координира Александар Николоски, по директна насока на Мицкоски.
Мицкоски за да избегне директни средби со Вучиќ контактира лично со Милош Вучевиќ човек од најголема доверба на lВучиќ.
Договорено е исто сценарио во Србија и во Македонија.
Во Србија, тоа веќе се прави, сопствениците на Еуроњуз ги купуваат слободните медиуми како N1, Nova S и уште десетина регионални медиуми за 30 милиони евра.
Во Македонија, планот е преку нови фирми регистрирани кај нас да се преземат концесијата, опремата и студијата на Алфа ТВ, а целиот финансиски механизам да оди преку Алта банка.
Алфа Скоп, фирмата сопственик на Алфа ТВ е блокирана сметка, должи 100.000 евра и веќе е пред стечај.
Нашите инфромации говорат дека Ивона Талевска од пред неколку денови е назначена за координатор на Еуроњуз за Македонија преку преставиштвото на Еуроњуз во Србија.
Тоа е првиот дел.
Во тек е регистрирање на фирми во Македонија кои ќе ја преземат едната фирма носител на концесијата и друга фирма што ќе ја преземе фирмата носител на опремата и студиото лоцирано во Визбегово. Ќе се инвестира во нова опрема.
Дополнително, се формира и маркетинг агенција која формално би работела ПР и маркетинг за Алта банка, а преку нејзиниот буџет би се финансирале новинари, аналитичари, апологети и медиумска пропаганда во корист на ВМРО-ОКГ.
Алта банка станува нов финансиски центар за медиумската мрежа на орбановите медиуми во Македонија.
Веќе објавувме, Алта банка е диркетно поврзана со СНС на Вучиќ, и во ВМРО на Мицкоски.
СДСМ веќе објави детали за нивните бизнис, деловни, и партиски релации. Дури и за начинот како е влезена Алта банка во Македонија, каде клучна игра одигра гувернерот Славески.
Во Управниот одбор на банката се појавуваше Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО.
Во менаџерскиот тим исто така луѓе блиски до ВМРО.
Со одлука на Владата на Мицкоски, токму Алта банка го купи и пакетот акции со кои државата управуваше како конфискуван имот поврзан со Сашо Мијалков.
СДСМ веќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги поврзани со Алфа ТВ.
Постојат основани сомнежи дека преку мрежа на фиктивни маркетинг договори и „shell” компании биле префрлани околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ.
Сега се прави нови шема, за која Јавното обвинителство и Финансиската полиција и сите надлежни институции итно да постапат.
Дали преку фиктивни маркетинг договори повторно ќе се финансира партиска пропаганда?
Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ, Алта банка и структурите блиски до власта и да ја информираат јавноста.
АКТ следи се. Одговорност ќе има.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.






