Лешоски: Д-р Кедев да ги праша,“Како заспивате навечер колеги знаејќи дека сте расекле нечии гради без потреба, има ли Бог во вас?”

Во ера на простачка суета, бесрамна вољја за моќ, уште побесрамни обвинители и бранители, идиотско пубертетска потреба да се прави од животот инстаграм помија, а од реалноста баналности од типот на Топ Листа Надреалиста: Молимвас оставимо господина са ланцем сам нек одлучава и пустимо га нек лута: Ако скрене према Кучкову ондак је пас, ако скрене према Волкову ондак је вук.
Па тоа продолжува и се проширува со овој бил сељак, не не бил сељак (“Адолесценција” беше и е врвна серија затоа што е сива! Како мозокот што не е ни бел ни црн ами сив. И брутално реална. И одлично ја покажа таа сивотија на животот дека и од прекрасни родители може да излезат и многу добри и многу глупи – баш ко курац глупи и плитки деца!) затоа што веќе децата имаат втор пар на невидливи родители кои можат да бидат Зло во најчиста форма. И тие се викаат мобилен телефон и алгоритам на социјална мрежа .
Тука благодарност до Весна Петрушевска за нејзината иницијатива и храброст (нејзе ја знам: Лавју 😘🫂)
Но, изминатиов период јас не видов ниедна јавна личност (освен можеби куртоазно министерот за здравство не знам…) да се заблагодари за храброста на д-р Кедев кој јавно и бескопромисно застана сам против сите и покажа дека бил во право.
Нема ништо понемоќно од гол човек кој ќе ви легне под ножот кој го држите во раката. Останувате сами со вашата совест веројатно тогаш. Би сакал јавно да му се заблагодарам за храброста на д-р Кедев да праша: “Како заспивате навечер колеги знаејќи дека сте расекле нечии гради без потреба, има ли Бог во вас?”
И да праша, а и да истрае најдостоинствено можно ( го следев со внимание целиот процес и посебно ме восхити со оставката кога имаше обиди да се разводни случајот!)
Да покаже дека бил во право.
Што се однсува пак до нашиот алгоритам: кога ќе почнеме нашето време да им го даваме на оние на кои најмногу им треба – на децата, нашата сила и потпора на оние на кои најмногу им треба, а тоа се секогаш жена и стари лица, а не некој торлак кој сака моќ згора над моќта која ја има, нашето внимание на уметноста и културата наместо на квази политиката, нашата почит кон храбрите и достоинствени луѓе без оглед на нивната било каква определба по било кој основ.
Кога ќе го наградуваме достоинството, талентот и знаењето повеќе од клиентелизмот (пушење курац се вика тоа во превод да ми извините! Ниеден политичар или правник никогаш не може да ги користи подобро зборовите од оние на кои тие им припаѓаат – писателите!) Клиентелизам е на ти го дај ми го пушење курца! И тогаш нема да имаме проблем ни со својот идентитет ни со државниот. И ќе биде подобро. Сигурно ќе биде подобро!
Кога ќе научите да цените луѓе кои де факто имале моќ ама истапиле за да заштитат, а не да покорат или понижат, кои се повлекле чекор назад за да остават простор за подобро и да поддржат, а не да се сокријат, кои кога ќе застанат покрај се тука зошто веруваат во тоа, а не чекаат ништо за возврат.
Кога ќе почнете да ги цените луѓето со интегритет повеќе од улизиците укратком, а успехот да го мерите со пари уѕидани во селска прчварница и џипови ко бугарска мафија.
Кога ќе почнете да разликувате и да не мешате успех, истрајност и упорност од ѓон образ.
И за крај дај викнете го веќе детето кое стана европски шампион по математика на некоја емисија или подкаст. Сакам да видам и чујам некоја млада убавина! Јебала ве универзална ве … пас вук матер! 🙂 Убав викенд.
П.С: Не го познавам д-р Кедев и не сум го сретнал во живо никогаш. Сигурен сум дека некој од оние 40.000 личности кои ме следите го познава. Пренесете му ја мојата длабока и искрена благодарност и поздрав.
И иако можам да му бидам син според мојата и негова возраст пренесете му гл и ова: Сега кога се испентари по сите кровови од Земјава и виде дека , па и не мора :)) да се замоли повеќе да не се пентари и да не се заебава!
Пошто ако му се деси нешто таму горе не ми е за него страв ами ми гајле за сите нам ако пак ни се случуваат вакви работи… кој ќе отвори уста ? Кој ?
И мојата искрена благодарност и поздрав и од мое име, а и од име на сите деца од оваа земја кои уште го паметат времето кога беше важно кој си, а не што имаш
Дарко Лешоски писател

Back to top button
Close