Во Турција приведени 42 службеници во општините управувани од опозицијата

Во три одделни полициски операции во окрузите Истанбул и Ескишехир, во текот на изминатите 24 часа, приведени се вкупно 42 службеници од општини управувани од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) под обвинение за корупција.

 

Утрово во Истанбул беа спроведени две одделни операции – една против Големата општина Истанбул, при што се приведени 12 лица под обвинение за местење тендери, и една против истанбулскиот округ Ускудар, во која вкупно седум општински службеници беа приведени под обвинение за корупција и поткуп.

 

Изминатите месеци голем број општински службеници се приведени од општините управувани од опозициската ЦХП.

 

Новиот бран приведувања се дел од голема кампања на турските власти против корупцијата на локално ниво. Истрагите првенствено ги таргетираат општините управувани од ЦХП, а од 2024 година десетици општински функционери и вкупно 22 градоначалници на најголемата опозициска партија се приведени, меѓу кои и разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој моментално е во затвор.

Back to top button
Close