Ексначалникот на белградската полиција Вeселин Милиќ оди во притвор
Вишиот суд во Белград одреди притвор до 30 дена за Вeселин Милиќ, кој беше уапсен во петокот во продолжение на акцијата за расветлување на околностите под кои исчезнал А. Н., кој последен пат бил виден во ресторан на Сењак на 12 мај.

Судот соопшти дека притворот е одреден поради опасност осомничениот да уништи, сокрие, измени или фалсификува докази или траги од кривично дело, како и поради можност да влијае врз сведоци и да ја попречува постапката. Дополнително, наведено е дека постојат околности кои укажуваат дека во краток рок може да повтори кривично дело.
Милиќ е осомничен дека како началник на Полициската управа за град Белград извршил повеќе кривични дела со цел прикривање на обид за тешко убиство во ресторан на Сењак на 12 мај, по што следниот ден бил пријавен исчезнувањето на А. Н.
Тој на сослушување во Вишото јавно обвинителство ја изнел својата одбрана.
Според податоците, против Милиќ се води постапка за кривични дела „непријавување кривично дело и сторител“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“, поврзани со случајот на исчезнувањето.
Во рамки на истрагата се уапсени и тројца полициски службеници под сомнение дека исто така помогнале на сторител и не пријавиле кривично дело.
Исчезнувањето на А. Н. го пријавила неговата невенчана сопруга, која последен пат контактирала со него на 12 мај околу 23 часот, кога тој бил во ресторан на Сењак со пријатели.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Вeселин Милиќ повеќе не ја извршува функцијата началник на Полициската управа за град Белград, а до назначување нов началник, раководењето го презема заменикот началник.






