Усмрти 22 годишна девојка на пешачки во Загреб, па побегна – се бараат сведоци

Во Загреб, се трага по непознат возач кој удри во 22-годишна девојка на пешачки премин и избега синоќа околу 23:20 часот.
Девојката почина на лице место, потврди загрепската полиција.
Полицијата вели дека откако со непознато возило удрил во девојката, возачот го напуштил местото на настанот.
За што побрзо да се пронајде сторителот и да се утврдат точните околности на сообраќајната несреќа, полицијата апелира до сите очевидци на несреќата да се јават на телефонските броеви во полиција.
Возачот наводно удри во пешакот на пешачкиот премин или веднаш до него.
Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности што доведоа до трагедијата.
Извор: fokus.mk






