Синот на Абас избран за член на Централниот комитет на Фатах

Јасер Абас, најстариот син на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, е избран за член во Централниот комитет на партија Фатах.
Изборот на членовите на новиот централен комитет се одржа вчера на Осмиот генерален конгрес на националистичкото движење, а гласањето систовремено се одвиваше во Рамала, Газа, Каиро и Бејрут.
Јасер Абас (64) е директор на неколку компании во Палестинската самоуправа, поголемиот дел од времето живее во Канада. Тој активно се вклучи во политиката пред пет години кога неговиот татко го назначи за свој „специјален претставник“.
Според прелиминарните резултати, најмногу гласови освоил Марван Баргути, кој е во израелски затвор од 2002 година. Поранешните членови на Фатах, исто така, ги задржаа своите места. Новиот централен комитет ги вклучува потпретседателот на Палестинската самоуправа и заменик-претседател на Организацијата за ослободување на Палестина, Хусеин ал-Шеик, заменик-претседателот на Фатах, Махмуд ал Алул, поранешниот генерален секретар на партијата, Џибрил Раџуб, и поранешниот шеф на палестинското разузнавање, Тавфик ал-Тирави.
Новоизбрани членови се актуелниот директор на разузнавањето, Маџед Фараџ, како и командантот на вооруженото крило на Фарах, Бригадите на мачениците Ал Акса, Закарија ал Зубаиди, кој дејствува во областа на бегалскиот камп Џенин во Западниот Брег. Зубаиди беше ослободен од израелски затвор минатата година по договорот за размена на затвореници помеѓу Израел и Хамас.
Во Централниот комитет на Фатах има и две жени.






