Нетанјаху: Израел ја проширува територијата што ја контролира во Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска призна дека Израел ја проширува територијата што ја контролира во Појасот Газа.
„Во Газа, ние веќе контролираме не 50 проценти – туку 60 проценти од територијата“, рече тој, пренесен од „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху истакна дека Израел „се повеќе го стегнува Хамас“.
„Точно знаеме која е нивната мисија, а нашата мисија е само една – да се осигураме дека Газа повеќе не претставува закана за Израел“, рече тој.
Нетанјаху не ветува дека ќе го уништи Хамас како воена и владејачка организација, како што ветуваше многу пати од 7 октомври 2023 година, кога започна војната во Газа, забележува „Тајмс оф Израел“.






