Битиќи- ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест!
ВМРО-ДПМНЕ најавуваше измени на Законот за пратеници со кои пратениците би морале да имаат исклучиво македонско државјанство. Денес, кога во Собранието беше предложено истиот принцип да важи и за членовите на Владата, токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа и не го поддржаа законот – паднаа на сопствениот тест!
Пред јавноста се силеа дека избраните функционери треба да имаат исклучиво македонско државјанство. Говореа гласно и јавно, поставуваа прашања, бараа поддршка, се претставуваа како чувари на државниот интерес… но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ днес се повлекоа.
Зошто молк, колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?
Ако пратеник треба да има само македонско државјанство, зошто тоа да не важи и за министер? Ако го барате тоа од Собранието, зошто се плашите да го побарате од Владата?
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ги послушаат сопствените зборови, ги погазија сите јавно декларирани принципи.
А истата таа пратеничка група денес ги одби и предлозите за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани и пензионерите, за подобра здравствена поддршка на деца со попреченост и лица со ретки болести, за ослободување од плаќање паркинг на родителите на деца со попреченост и аутизам, како и за поддршка на учениците кои ја претставуваат Македонија на меѓународни натпревари.
Со еден ден гласање покажаа дека немаат проблем само со сопствените принципи, туку и со социјалната правда, здравствената грижа, инклузивноста и поддршката за знаењето.

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи