Ја убил сосетката и побегнал од Русија – жртвата е пронајдена скриена во мебел


Тело на жена е пронајдено скриено во кревет во стан во југоисточна Москва.

Нејзината сестра ја барала 10 дена, соопшти Истражниот комитет на Москва.

На 18 мај, сестрата контактирала со полицијата, пријавувајќи дека долго време е исчезната и дека не е дома.

Истражителите го пребарале станот на улицата Љублинскаја.

Жртвата е пронајдена во мебелот. На телото се пронајдени повеќе знаци на насилна смрт.

По прегледувањето на снимките од надзорните камери и испрашувањето на сведоците, било утврдено дека повредите на жената се предизвикани од сосед.

Мажот, странски државјанин, ја напуштил Русија по злосторството.

Back to top button
Close