СДСМ: Мицкоски има свој Петер Сијарто, како Орбан – се вика Иван Стоилковиќ

Соопштение на СДСМ

Наместо да одговараат за својата проруска политика и за блокадата на европскиот пат, од ВМРО-ОКГ сега се обидуваат да направат кампања за перење од Русија.

Кој има потреба од шпионирање во кабинетот на претседателката Сиљановска којашто е тотално неважна?

Кој има потреба да шпионира кога вицепремиерот Иван Стоилковиќ ги испраќа сите информации до српската БИА и рускиот ФСБ?

Стоилковиќ за Мицкоски е како Петер Сијарто на Орбан – официр за врска со Москва и со српската БИА, преку Вучевиќ до Вучиќ.

 

Стоилковиќ работи за српските служби со години, како и Латас.

 

Високопозиционираниот член на БИА Живалевиќ, кој го координираше нападот во Собранието на 27 април, со години е во врска со Иван Стоилковиќ.

Стоилковиќ ги исполнува сите задачи за српската и руската страна.

Само пред неколку дена одржа состанок со Милош Вучевиќ (претседател на СНС) и Душан Адамовиќ (почесен конзул и бизнис-партнер на Мицкоски), кои јавно ја објавуваат својата врска со Русија.

Зошто е баш Иван Стоилковиќ првиот човек на Христијан Мицкоски? Зошто е токму „Ноќниот волк” Столковиќ вицепремиер и заменик на Мицкоски?

За нив мајка е Русија, а браќа се Орбан и Вучиќ.

“Промакедонската” партија со бугарски пасоши на Мицкоски и најблискиот соработник на српската партија е прорускиот тројански коњ во Македонија.

Тоа веќе сите го знаат

Тие не работат за граѓаните – тие работат за туѓи интереси и за заштита на својата криминална група.

Уште 11 дена до неисполнување на Реформската агенда – уште еден доказ во бескрајниот низ на лаги на Мицкоски.

Финтите на Вучиќ повеќе не поминуваат. Правење вештачки конфликти, афери и лажни вести служат само за дефокус од најважните теми за граѓаните.

Граѓаните јасно гледаат:

 

Додека се обидуваат да се перчат со „патриотизам”, тие ја држат Македонија во изолација, за да продолжат со кражбата без одговорност.

Доста е со лажните кампањи.

Доста е со руското и српското влијание во „промакедонската” влада со бугарски пасоши.

Реформи сега. Европа сега

Back to top button
Close