САД ги укина санкциите за Франческа Албанезе – специјалната известувачката на ОН која остро го критикува Израел

САД ја отстранија Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН за Палестина, од својот список на специјално назначени државјани, според информациите објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Критикуван Израел

Овој потег доаѓа откако федерален судија минатата недела ги блокираше санкциите што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп против Албанезе, пресудувајќи дека тие ги кршат нејзините права од Првиот амандман.

Судијата рече дека администрацијата на Трамп ги прекршила нејзините права за слобода на говор кога ги вовела мерките по нејзините критики кон Израел, сојузник на САД, и војната во Газа.

Албанезе, италијанска државјанка која живее во Тунис, беше санкционирана откако го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да ги гони израелските функционери за нивните постапки во Газа. Албанезе ги нарече настаните во Газа „геноцид“, а Израел „држава на апартхејд“ поради нивниот третман кон Палестинците.

Back to top button
Close