Филипче најави кривична и интерпелација за Африм Гаши за кршење на Деловникот
21.05.2026 12:23
526 Читање помалку од 1м
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферција, најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Кривинчната пријава и интерпелацијата, како што кажа Филипче е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши.

Филипче посочи дека станува збор за уште еден скандалозен пример на непочитување на процедурите во Собранието и нагласи дека претседателот на Собранието веќе подолг период постапува спротивно на Деловникот.
„Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија”, рече Филипче.
Тој нагласи дека ваквото однесување станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.
„Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието”, изјави Филипче.






