Во Косово по 100 евра државна поддршка за пензионерите, децата, приватниот сектор и студентите

Косовскиот премиер во технички мандат, Албин Курти, денеска го објави „пакетот за борба против инфлацијата 2.0“, кој предвидува еднократна помош од 100 евра за пензионери, деца, вработени во приватниот сектор и за студенти.

Тој појасни дека пензионерите и децата нема да мора да поднесат апликација и дека исплатите ќе се вршат следната недела, додека вработените во приватниот сектор и студентите ќе треба да пополнат постапка за аплицирање што ќе биде отворена следната недела.

„Почнувајќи од овој месец, ги зголемуваме надоместоците за родилките. Додека во мандатот на претходните влади, надоместоците беа нула, ние ги воведовме, 170 евра за шест месеци за невработени мајки и три месеци за вработени. Потоа ги зголемивме на 325 евра. Оваа година повторно ја зголемивме минималната плата и од 1 јули таа ќе биде 500 евра. Сега ги зголемуваме надоместоците за родилките од 325,9 на 500 евра месечно, не вклучувајќи ги тука и додатоците за бебиња“, рече Курти.

 

Back to top button
Close