Во шума во Берлин пронајдени 59 гранати од Втората светска војна

За време на прошетка низ шума во берлинската населба Панков, еден граѓанин пронашол сомнителен предмет, по што полицијата открила дури 59 неексплодирани гранати од времето на Втората светска војна.

Специјалните единици на германската криминалистичка служба пронашле закопана муниција со вкупна тежина од околу 1,5 тон.

Станува збор за советски гранати со калибар од 122 милиметри, кои останале во земјата уште од воениот период.

Од берлинската полиција информираа дека во ниту еден момент немало опасност за граѓаните, но отстранувањето на муницијата барало сложена операција.

Пиротехничарите ги обезбедувале гранатите една по една пред безбедно да бидат отстранети.

Полицијата за случајот се огласи и на социјалните мрежи со доза хумор, наведувајќи дека „во шумите на Панков има повеќе од само дрвја“.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close