(Видео) МВР изброи 34.300, а Архивот за јавни собири над 100.000 граѓани на протестот во Белград

Додека полицијата излезе со официјална бројка од околу 34.300 присутни на протестот во Белград, од Архивот за јавни собири истакнуваат дека снимките укажуваат на еден од најголемите студентски протести досега, каде што бројката би можела да надмине 100.000 луѓе.

Директорот на полицијата на Србија, Драган Васиљевиќ, изјави дека собирот е навремено пријавен од страна на студентите и дека полицијата внимателно ја следела состојбата на терен:

„На овој јавен собир, нашата процена е дека се присутни околу 34.300 граѓани. Мораме да кажеме дека го следиме доаѓањето на јавниот собир уште од претпладневните часови, имајќи предвид дека од голем број места во Република Србија тргнаа одреден број граѓани и дека процените што ги даваме се многу прецизни и објективни.“

Од друга страна, Архивот за јавни собири, кој се занимава со прецизно броење на присутните на масовни собири, најави дека бројките се далеку повисоки:

„Снимките од денешниот студентски собир на плоштадот Славија во Белград укажуваат на тоа дека тој ќе биде во рангот на најголемите студентски собири досега. Процената на маса од над 100.000 луѓе е многу барана, па затоа конечните податоци нема да ги објавуваме вечерва.“, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close