Српска обвинителка на протестот на студентите: Ова не е држава, ова е анархија

Српската обвинителката Бојана Савовиќ беше дочекана со овации од присутните, кои се собрани во Белград против власта на Вучиќ.
Таа испрати порака дека државата во која законите се применуваат селективно престанува да биде држава и станува мафијашка организација.
Таа рече дека Србија не е држава, туку анархија.
Во своето обраќање пред граѓаните и студентите, обвинителката Бојана Савовиќ остро ја осуди полициската бруталност и селективната правда:
„Силата применета врз луѓе кои се лишени од слобода или кои не пружаат никаков отпор е злосторство. Ниту една униформа не смее да биде над законот. Затоа, секоја прекумерна употреба на сила, секое понижување на граѓаните, секое незаконско однесување мора да биде предмет на ефикасна, ефективна и транспарентна истрага.
Ова што денес секојдневно го преживуваме: бомби, изнуди, мафијашки пресметки – не е држава, тоа е анархија“, порача обвинителката Савовиќ. објави Скопје1.мк






