Најмалку четворица загинати во масовниот руски напад врз Киев, штети пријавени во сите квартови


Најмалку четири лица загинаа при синоќешниот масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија локалните украински власти.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека две од жртвите се регистрирани во самата престолнина, додека началникот на Киевската обласна воена администрација, Микола Калашник, информираше за уште двајца загинати во поширокиот регион на Киев.

Кличко преку Телеграм соопшти дека од ноќниот напад предизвикал сериозни оштетувања на инфраструктурата во сите реони на градот, при што бројот на повредени граѓани достигна 56 лица. Од нив, 30 се хоспитализирани, вклучувајќи и две деца.

Спасувачките екипи и понатаму работат на расчистување на урнатините, а медицинските установи пружаат итна помош.

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори од военото воздухопловство, јавуваат дека Киевската област била цел на напад со новата хиперсонична балистичка ракета „Орешник“. Од военото воздухопловство на Украина прецизираа дека Русија во текот на ноќта истрелала вкупно 600 дронови и 90 ракети, од кои една била балистичка ракета со среден дострел.

Back to top button
Close