Франција зафатена од топлотен бран

Во Франција продолжува топлотниот бран кој главно го засегна западниот дел на земјата и парискиот регион.
За утре е издаден портокалов код за опасно топло време за 8 департмани.
Денеска 18 департмани во Западна Франција и во областа на Париз беа под жолт код за високи температури.
Метеоролозите предупредуваа дека денеска температурите би можеле да достигнат 35 Целзиусови степени во Бретања, а 36 и 37 Целзиусови степени во јужниот дел на земјата.
Поради горештините, 28-годишна жена почина за време на спортска манифестација во Лион. Во Париз, 53-годишен маж починал од срцев удар додека трчал на големите горештини.






