(Видео) Силен земјотрес од 6,9 степени го погоди Чиле

Силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени според Рихтер го погоди Чиле, околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата, соопшти Геолошки завод на САД.

Потресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атакама.

Чилеанските власти засега не пријавиле повредени лица или материјална штета.

„Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјавил Фелипе Плаза од националната служба за спречување и управување со катастрофи.

Според локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван во регионите Арика, Тарапака, Антофагаста и Атакама.

Чиле важи за една од сеизмички најактивните земји во светот, бидејќи на нејзина територија се спојуваат три тектонски плочи.

Во 1960 година земјата ја погоди најсилниот регистриран земјотрес во историјата, со магнитуда од 9,5 степени, кога бил разурнат градот Валдивија, а загинале околу 9.500 луѓе.

Back to top button
Close