(ВИДЕО) Снимен обид за барање мито од страна на македонски цариници на граничен премин
На инстаграм се појави видео снимено на граничниот премин помеѓу Србија и С. Македонија на кое се споделува снимен разговор со полициски службеник кој откако претходно му вели дека не може да влезе со возилото во државата поради тоа што недостасува соодветна документација за сопственоста на возилото. Според разгоорот кој патниците го водат во возилото службеникот „се премислил“ и наводно побарал некој од лицата во возилото да остави сума на пари во тоалетот. Од разговорот станува јасно дека не им било јасно точно колкава сума да сотават туку едноставно им било кажано да стават „нешто за кафе“. Лицето кое ги оставило парите во видеото вели дека тој момент во тоалетот не го документирал.
View this post on Instagram





