Хавана бара од ОН да спречи хуманитарна криза на Куба
Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес Парила, синоќа пред Советот за безбедност на ОН ја повика меѓународната заедница да се мобилизира за да спречи, како што рече, хуманитарна катастрофа во Куба.

Тој истакна дека земјата се соочува со тешка економска ситуација и обвини дека кризата е последица на американската блокада и енергетските ограничувања.
„Ги повикувам меѓународните актери да се мобилизираат за да се спречи хуманитарна катастрофа која може да биде наметната преку оружје или енергетска блокада“, изјави министерот, повикувајќи на поголема солидарност кон Куба.
Куба е под американско ембарго од 1962 година и со години се соочува со економски тешкотии кои, според Хавана, дополнително се влошени од нови санкции и ограничувања од САД.
Родригес Парила ги оцени како „политички мотивирани“ и „неосновани“ и американските обвиненија против поранешниот претседател Раул Кастро, поврзани со случај од 1996 година, за кои Хавана смета дека се дел од политички притисок.
Министерот порача дека Куба не претставува закана за САД и апелираше земјата „да биде оставена да живее во мир






