Силен земјотрес во Хрватска

Земјотресот е регистриран утринава во областа на централна Хрватска, во близина на Сисак, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, EMSC.

Според прелиминарните податоци од EMSC, земјотресот со магнитуда од 4,1 степени се случил во 9:51 часот по локално време.

Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од девет километри.

Граѓаните пријавиле во EMSC дека земјотресот е почувствуван на неколку локации.

Ова е новиот земјотрес регистриран во Хрватска, откако пред два дена се тресеа и области во Далмација.

Сеизмолошката служба при Геофизички оддел на Српската академија на науките во Загреб извести дека умерено силен земјотрес со епицентар во близина на Свилаја, 15 километри северозападно од Сињ, е регистриран во понеделник во 17:25 часот.

Магнитудата била 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил од IV-V степени според EMS скалата

Back to top button
Close