(ВИДЕО) Автомобил излетал од патот и удрил три деца во Германија, едно дете загина, друго е во критична состојба

Според информациите од полицијата, 47-годишна жена изгубила контрола над автомобилот, излетала од коловозот и удрила тројца 12-годишници кои се движеле со велосипеди, најверојатно на пат кон училиште.
Несреќата се случила рано утрото, околу 7:45 часот. По ударот во децата, возилото продолжило да се движи и удрило во неколку паркирани автомобили, при што биле оштетени уште три возила.
https://youtu.be/EgDtYEMvYkc?si=gOPFXstk4G2wCeeX
И жената се здобила со тешки повреди и со возило на Итната помош била пренесена во болница.
Полициски портпарол изјавил дека жената сè уште не можела да биде сослушана поради нејзината здравствена состојба, па причините за несреќата засега не се познати.
Првата пријава за трагедијата ја испратил сообраќаен полицаец кој во моментот регулирал сообраќај на блиската раскрсница.
На местото на несреќата останале расфрлани делови од уништениот автомобил, оштетени велосипеди, детски чевли, училишни ранци и тетратки.
Северна Рајна-Вестфалија е најнаселената германска покраина, а во близина на Динслакен се наоѓаат градовите Дуизбург, Дизелдорф и Дортмунд






