САД повторно ја ставија Франческа Албанезе на листата санкционирани
САД повторно ја ставија специјалната известувачка на ОН за палестинските територии, Франческа Албанезе, на својата листа санкционирани лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на американското Министерство за финансии.

Вашингтон воведе санкции против Албанезе во јули 2025 година, со образложение дека таа се обидува да издејствува покренување истрага на Меѓународниот кривичен суд против американски и израелски функционери и компании. Воведените санкции забрануваат американски државјани и компании да одржуваат деловни односи со Албанезе.
Претходно овој месец нејзиното име беше привремено отстрането од листата санкцинирани, откако федерален судија во САД ја блокираше мерката со образложение дека истата може да претставува повреда на правото на слобода на изразување.
Во петокот Апелацискиот суд на САД за округот Колумбија донесе одлука за привремено суспендирање на таа судска одлука, што и овозможи на американската администрација повторно да ги активира санкциите. Судот нагласи дека станува збор за „административна мерка“ што не претставува конечна одлука по суштината на случајот.






