Цените на нафтата скокнаа по новите напади на САД врз Иран

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел.
Претходно, двата референтни индекси забележаа пад од повеќе од пет отсто и го достигнаа најниското ниво во последниот месец, поради надежите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец.
Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и податоците од САД, според кои залихите на сурова нафта минатата недела се намалиле за 2,8 милиони барели.
„Снабдувањето со нафта останува ограничено, а клучните проблеми сè уште не се решени“, изјавија аналитичарите.
Глобалните цени на дериватите драстично се менуваа од почетокот на конфликтот, при што суровата нафта „брент“ накратко скокна на околу 120 долари за барел. Пред војната се тргуваше по цена од близу 70 долари.
Оваа недела цената на нафтата нагло падна со надеж дека наскоро ќе се постигне договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец.






