Италијанските власти запленија имот на мафијашкиот бос Месина Денаро вреден над 200 милиони евра
Италијанските власти запленија имот вреден над 200 милиони евра за кој се тврди дека е поврзан со империјата на мафијата и мрежата за трговија со дрога на починатиот шеф на Коза Ностра, Матео Месина Денаро, соопшти денеска финансиската полиција, пренесе ДПА.

За време на големата операција спроведена во неколку земји уапсени се три лица, соопштија властите.
Месина Денаро беше фатен на Сицилија во јануари 2023 година. Како шеф на Коза Ностра, тој беше еден од најбараните криминалци во Италија повеќе од три децении, потсетува германската агенција
.
Неговиот пад се случи кога побарал од една клиника да се лекува од канцер. Осум месеци по апсењето, тој почина во затвор на 61-годишна возраст без да се соочи со судење.
Неодамнешните рации беа дел од истрагата за перење пари поврзана со операции за трговија со дрога, наводно поврзани со Месина Денаро, соопштија властите.
Парите биле собрани преку реинвестирање на пари од дрога акумулирани од 1980-тите во неколку земји во Европа и пошироко.
Истражителите идентификуваа осум компании за кои се верува дека се поврзани со мрежата. Тие, исто така, идентификуваа злато и луксузни имоти на најексклузивните локации на шпанскиот брег, кај Коста дел Сол, пренесува ДПА.






