Радев не го продолжи престојот на американските воени авиони

Бугарија ќе им дозволи на американските воени авиони да останат во земјата до крајот на јуни, откако САД не успеаја да одобрат систем за безвизен режим за бугарските посетители.

-Целосно ја разбирам сложеноста на регулаторните процедури и потребата од време, но и ние имаме свои приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој на авиони и тенкови на аеродромот во Софија – изјави бугарскиот премиер Румен Радев.

Претходно, Радев разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и побара суспензија на визниот систем за САД за бугарските државјани.

Притоа, Радев рече дека инсистирал прашањето да се разгледа итно, но не добил позитивен одговор.

Авионите на американските воздухопловни сили се стационирани на аеродромот „Васил Левски“ во Софија, според договор што важи до 31 мај.

Уште на 17 февруари, амбасадата на САД испрати дипломатска нота до бугарските власти барајќи распоредување на максимум 15 авиони на аеродромот за периодот од 17 февруари до 31 мај.

Според Министерството за одбрана, авионите се логистички и немаат борбени функции.

Дозвола за нивно распоредување даде владата на Росен Жељазков.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close