(Видео) Француската полиција досега уапсила 780 лица по „ огненото славењето“ по фудбалска победа на ПСЖ
Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите претставуваат сериозен предизвик за полицијата.

Исто така, 219 лица се повредени во жестоките судири меѓу фудбалските навивачи и полицијата ширум Франција, кои избија по победата на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, соопшти дека осум лица се наоѓаат во критична состојба.
За да се спречи ескалацијата на насилството, кое целосно го парализираше автобускиот и железничкиот сообраќај во главниот град, беа распоредени илјадници полицајци. Во судирите со насилните групи, повредени се и 57 припадници на безбедносните сили.
Во текот на хаотичната ноќ беше регистриран и еден смртен случај – едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на обиколницата околу Париз, која демонстрантите се обидоа да ја блокираат.
Овие драматични сцени од Париз будно потсетуваат на нередите кои се случија и минатата година, кога навивачите на ПСЖ на сличен начин ја прославуваа европската титула.






